Италија
Адани: Лукаку не беше погоден од свирежите, туку од…

Рома не успеа да се врати со позитивен резултат од гостувањето во Милано кај Интер, средба која заврши со 1-0 за домаќините со погодокот кој во самиот финиш го постигна Маркус Тирам.
Ова беше дуел во кој во фокусот на вниманието се најде Ромелу Лукаку поради се што се случуваше со него и целата таа трансфер сага, па сосема очекувано беше жестоко беше поздравен од навивачите на Интер. Белгиецот доби слаби оценки од италијанските спортски весници поради неговиот настап, но според Даниеле Адани за напаѓачот не биле проблем свирежите на публиката на „Џузепе Меаца“, туку тактичкиот план на Рома.
-Мислам дека тој [Лукаку] е последниот кој е виновен за поразот. Тој не беше погоден од тие свирежи, туку од тактичкиот план на Рома. Интер испушти бодови против Сасуоло и Болоња кои не се супериорни во однос на Рома. Не можете да играте фудбал ако не се ни обидете.
-Тоа не беше ниту фудбалски натпревар. Тешко е да се анализира играта бидејќи едната страна направи се за да победи, а другата се да на ништо не добие. Едно е да седиш длабоко, друго е да се браниш на работ од шестнаесетникот, -порача Адани за „Бобо ТВ“.
-
Светпред 13 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 14 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 12 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 13 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 15 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Светпред 24 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година
-
Англијапред 8 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Италијапред 15 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)