Поврзете се со нас

Англија

Адамс: Артета е фантастичен, но треба да се засили на две позиции

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Тони Адамс е жива легенда на Арсенал и сите фанови во Северен Лондон го почитуваат најмногу поради фактот што цела кариера им ја посвети на „топчиите“, па токму поради тоа неговите ставови носат посебна тежина во јавноста.

Легендарниот стопер кој беше капитен на Арсенал и англиската фудбалска репрезентација во најновото обраќање го анализираше прогресот кој го бележи тимот под водство на Микел Артета, па иако има само добри зборови за Шпанецот, ја искористи приликата да му испрати и мали совети за тоа како да го подобри ростерот.

– Артета дефинитивно е човекот за Арсенал. Тимот бележи голем прогрес и покрај тоа што нема некој значаен трофеј. Знам дека најважно е да се мине целната линија како прв, а во дадениот случај, треба да бидете подобри од Манчестер Сити.

– Овојпат не успеавме, но треба да се подигне главата и да се обидеме повторно. Треба да се продолжи овој прогрес и да се види кои позиции можат да се подобрат во тимот.

– Според мене, на Артета му е потребен напаѓач, му треба таков профил на играч. Хаверц имаше неверојатна сезона, но не знам дали ќе повтори такво нешто, се сомневам и во Жезус. Исто така, потребен ни е нов лев бек. Можеби Тимбер ќе може да одговори како лев бек, но според мене тоа се двете позиции на кои треба да се засили тимот, – вели Адамс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни