Поврзете се со нас

Лига Европа

Адама Траоре „уловен“ како се подготвува за противниците: Многумина сметаат дека ова не е праведно

Објавено

на

Вулверхемптон во текот на вчерашниот ден беше подобар од Олимпијакос во возвратниот осминафинален натпревар од Лига Европа со 1:0 и со тоа се пласираше во четвртфиналето кое ќе се игра на германско тло.

Камерите на овој натпревар забележаа како брзоногиот Адама Траоре се подготвува за пресметката со своите противници.

На социјалните мрежи кружи фотографија на која се гледа Траоре и еден член на медицинскиот тим кој го мачка со масло за бебиња по неговото тело.

Така, Траоре на лукав начин ги надмудрува своите противници кои не можат да го фатат поради маслото.

Траоре според статистиките на ОПТА е вториот најбрз фудбалер од Премиер лигата, па бебешкото масло дополнително му помага да им бега на своите противници.

Многумина се спротивставуваат на овој начин на подготвување за игра на Траоре и бараат од властите ваквото мачкање да биде забрането.

 

View this post on Instagram

 

A member of the Wolves coaching staff applying baby oil to Adama Traoré’s arms so defenders can’t grab him 💪

A post shared by Sky Sports (@skysports) on

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни