Поврзете се со нас

Англија

Адама со неверојатна соло-акција ги воодушеви фановите, Мартинез спречи да го видиме голот на сезоната во Англија (Видео)

Објавено

на

Адама Траоре се мачи со својата форма откако не направи посакуван трансфер во Тотенхем во летниот преоден рок, но вчера изрежира една неверојатна акција која вистинска штета е што не заврши со погодок.

Вулверхемптон оствари фантастична победа на гостувањето во Бирмингем кај Астон Вила со 2:3, но ниту еден од петте гола не беа атрактивни како потегот кој го изведе повремениот шпански репрезентативец.

Супербрзото крило имаше еден извонреден слалом и успеа да нанижи неколку играчи на противничкиот тим, минувајќи како „шило“ низ средниот дел од теренот.

Во својот слалом, Адама успеа да мине дури пет противнички играчи, но не успеа да го совлада Емилијано Мартинез.

Аргентинскиот чувар на мрежата брани во неверојатна форма и доби безброј пофалби и од Лионел Меси, а вчера на „Вила Парк“ спречи да го видиме голот на сезоната во англиската елита.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни