Поврзете се со нас

Лига Европа

Адама како „експресен воз“: Неверојатниот Траоре го претрча цел терен и се избори за пенал, Хименез шокираше (Видео)

Објавено

на

Севилја имаше повеќе од играта во првото полувреме на четвртфиналето во Лига Европа кое се игра во Дуизбург, но најголемата шанса ја пропушти Вувлерхемптон во 13-та минута.

Најдобриот голгетер Хименез не успеа да ја искористи и да ја претвори во гол најстрогата казна, пенал за кој се избори неверојатниот Адама Траоре кој уште еднаш на дело ја презентираше својата експлозивност.

Нестварниот Адама веќе извесно време важи за страшен спринтер и најбрз играч во Премиер лигата, а тоа го докажа и оваа вечер во Германија.

Траоре ја прифати топката на 25 метри од својата половина, нанижа неколку играчи на Севилја со фасционантниот спринт, по што се избори и за пенал откако беше соборен во шеснаесетникот.

За негова несреќа, Хименез го изведе пеналот како вистински почетник, па „волците“ остнаа без водство во првото полувреме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни