Абутовиќ полека се збогува од фановите на Вардар: Ќе ми недостасува сето ова, но сега во ЛШ ќе мораме малку подобро

abutovic-f4

Илија Абутовиќ го одигра последниот натпревар во СЕХА лигата како играч на Вардар, а тоа го направи со нова победа и нов шампионски трофеј зад своето име откако европскиот шампион сосема заслужено славеше во денешното финале против ППД Загреб.

Вардар победи со 26:24 на последниот меч од фајна-фор турнирот во регионалното натпреварување кое оваа сезона својата завршница ја имаше во Скопје, а изданијата на нашиот првак во изминативе три дена е само најава за она што следи наредниот викенд, односно првата четвртфинална пресметка со Кил во Лигата на шампионите.

Абутовиќ со големо задоволство зборуваше за новата, четврта титула на Вардар во СЕХА лигата, а на крајот од интервјуто порача дека многу ќе му недостастуваат натпреварите во регионалното натпреварување, а секако и салата „Јане Сандански“ со оглед на тоа што наредната сезона ќе игра во Бундеслигата како член на Рајн Некар.

– Загреб играше цврсто и добро, но ние успеавме да се пронајдеме и затоа сме среќни и задоволно што успеавме да победиме. Од утре треба да заборавиме на ова и веќе да размислуваме на тоа што на чека наредниот викенд. Мислам дека можеме да играме уште подобро, полека го подигнуваме нивото, мислам дека во Лигата на шампионите секој играч ќе мора да даде малку повеќе од ова на фајнал-форот, – истакна Абутовиќ веднаш по мечот, заклучувајќи дека ќе му недостасува се што е поврзано со Вардар и СЕХА лигата.

– Нормално дека ќе ми недостастува. Ќе ми недостасуваат натпреварите во СЕХА лигата, оваа публика и оваа сала, – заврши српскиот бек.

Facebook Коментари