Поврзете се со нас

Македонија

Абутовиќ: Ќе бидеме тврд орев за сите во ЛШ

Објавено

на

Илија Абутовиќ реши да се врати во македонскиот ракомет на залезот на својата ракометна кариера, овојпат во редовите на големиот ривал на Вардар, Еурофарм Пелистер.

Абутовиќ е добро познат за македонската јавност од деновоите кога стана европски шампион со Вардар, па неговото искуството секако ќе биде голем плус за тимот од Битола, чија цел оваа сезона ќе биде да се покаже во подобро светло во Европа.

Македонскиот првак во овој момент е во Златибор и таму ги прави завршните подготовки за новата сезона, пред која Абутовиќ откри дека воочил големи промени во макдонското првенство во последните две-три години.

– Многу сум среќен што се вратив во Македонија и што повторно ќе играм во Лигата на шампионите со еден македонски тим. По тоа што го гледам, мислам дека ќе имаме добра и борбена екипа, со два добри голмани. Се надевам дека ќе извлечеме добар резултат во домашното првенство и Лигата на шампионите. Цело време ги читам македонските медиуми, гледам натпревари. Го следев и македонското првенство, особено дерби пресметките. Ми се допаѓа што лигата е многу подобрена и посилна, делува дека е апсолутно израмнето со четири-пет одлични екипи.

– Мене лично, ми личи дека ќе бидеме „тврд орев“ за сите екипи и во Лигата на шампионите, особено дома. Мора да бидеме борбени и се надевам дека ќе направиме нешто добро,- вели Абутовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни