Поврзете се со нас

Англија

Абрамович со храбар план, сака да го врати играчот кој пред три години го продаде за сто милиони фунти

Објавено

на

Првиот човек на Челси, Роман Абрамович планира во следниот преоден рок дополнително да го засили својот состав.

Сопственикот на Челси важи за голем љубител на играта на Еден Азар кој во 2019 година за сума од 100 милиони фунти го напушти Лондон за да се пресели во Реал Мадрид.

Сепак, белгискиот репрезентативец не се снајде најдобро на  „Сантијаго Бернабеу“, па сега би можел да се врати во клубот каде го прослави своето име и тоа за сума двојно помала од таа по која си замина за Мадрид.

Наводно, Челси е подготвен да плати околу 50 милиони евра за Азар, додека пак од Реал Мадрид немаат намера да го пуштат играчот за сума помала од 60 милиони евра иако со своите игри воопшто не ги оправдува и овие средства.

Во дресот на „кралскиот клуб“, Азар има одиграно 37 натпревари на кои постигнал само четири погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни