АБА лига
АБА: Партизан го обезбеди првото место, најголемиот ривал обвини за голема кражба

Регуларниот дел од сезоната во АБА лигата заврши со драматична победа на Партизан на гостувањето кај Будуќност, а со овој резултат „црно-белите“ го обезбедија првото место и најдобра позиција пред плејофот.
И додека српскиот претставник ја прославуваше предноста која ја заработи во пресрет на клучните пресметки, најголемиот ривал Црвена Звезда испрати соопштение во кое ја обвини лигата, односно судиите за голема кражба во Подгорица.
На три секунди до крајот резултатот во „Морача“ беше 82:82, но потоа беше досудена лична грешка над Пантер, а кошаркарот на Партизан ги постави конечните 82:83 со едно уфрлено слободно фрлање.
– КК Црвена Звезда нема обичај да се огласува по натпревар во кој не учествувала, но бидејќи заостанатиот натпревар во Подгорица директно влијае на распоредот, нема да молчиме по уште една кражба во режија на оние кои треба да се грижат за регуларноста на лигата.
– Направен е уште еден чекор за рушење на регуларноста на лигата и тоа во режија на судиите, кои случајно или не, на спорните натпревари секогаш се од иста земја. Бидејќи знаеме што не чека и не сакаме да бидел дел од претстави и фарси, клубот бара иземање на овие судии до крајот на сезоната. КК Црвена Звезда нема да игра натпревар ако и бидат делегирани овие судии, – стои во соопштението на српскиот клуб.
KK Crvena zvezda Meridianbet nema običaj da se oglašava nakon utakmica u kojima nije bio direktni učesnik, ali pošto je utakmica u Podgorici direktno uticala na krajnji ishod i raspored na tabeli, a nakon još jedne krađe i pljačke – nećemo ćutati! #kkcz https://t.co/3gDX4gAyz2
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) April 21, 2023
-
Шпанијапред 13 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Италијапред 13 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Англијапред 16 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Германијапред 14 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 12 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 9 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 17 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 7 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)