АБА го промени форматот, МЗТ Скопје може да игра само во Втората лига

MZT-Cibona

Раководството на регионалната кошаркарска АБА лига денеска одлучи да го промени форматот за новата сезона, а ваквото решение не оди во прилог на македонските клубови и најмногу на МЗТ Скопје.

АБА одлучи во својата најквалитетна дивизија да вклучи само 12 екипи, а исто толку ќе се натпреваруваат во Б дивизијата или Втората лига, при што пласманот ќе се одредува според резултатите, а не според национален клуч. Тоа значи дека МЗТ Скопје во моментов има право за настап само во Втората лига и преку неа може да се бори за враќање во поквалитетното натпреварување.

Учесници во А дивизијата на АБА лигата ќе бидат: Будуќност, Цедевита, Цибона, Црвена Звезда, Партизан, ФМП, Игокеа, Морнар, Мега, Олимпија, Задар и идниот шампион на Б дивизијата кој ќе биде одреден на фајнл-фор турнирот во Чачак.

Во првата АБА лига може да има најмногу пет екипи од иста земја, а во втората секоја земја ќе има право на два претставника, при што последната екипа од Б дивизијата дефинитивно ќе испадне од натпреварувањето без разлика на резултатите во националното првенство.

Facebook Коментари