Поврзете се со нас

Франција

„А Бола“: ПСЖ веќе обезбедил засилување од Порто

Објавено

на

Францускиот шампион ПСЖ веќе има договор за трансфер на еден фудбалер на Порто, а истиот ќе биде објавен по започнувањето на преодниот рок, – тврди весникот „А Бола“.

Се работи за 27-годишниот Алекс Телјес, кој изминатиот период беше поврзуван со повеќе клубови, но очигледно решил да ја прифати понудата на ПСЖ.

Истиот извор наведува дека Порто од овој трансфер ќе заработи околу 25 милиони евра, што значи дека двете страни постигнале компромис, бидејќи првичната сума барана за Бразилецот беше најмалку 30 милиони евра.

Телјес пристигна во Европа во 2014 година како засилување за Галатасарај, една сезона беше позајмен и во Интер, но потоа замина во Порто каде успеа да ги потврди своите квалитети.

Претходно, Телјес беше поврзуван и со трансфер во Челси, бидејќи Френк Лампард ги следел неговите игри и го сметал за важно засилување на бековските позиции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни