Поврзете се со нас

Италија

„А Бола“: Фудбалер на Порто пристигнува во редовите на Јувентус

Објавено

на

Фото:twitter.com/juventusfc

Јувентус и натаму се обидува да ангажира неколку нови играчи во пресрет на почетокот на новата сезона, а многу блиску до дресот на „бјанконерите“ е досегашен фудбалер на Порто.

Се работи за Франсиско Консеисао, синот на веќе поранешниот тренер на португалскиот великан, кој беше дел од португалската репрезентација на последното ЕП, а досега најавуваше дека поседува сериозен фудбалски потенцијал.

Добро упатениот медиум „А Бола“ објави дека од свои извори во Порто добил потврда за првичниот заем на Консеисао во Јувентус, за подоцна италијанскиот клуб да има обврска да го откупи неговиот договор.

Вкупниот трансфер на крајот би требало да изнесува 30 милиони евра, а Јувентус би добил сериозно засилување на крилните офанзивни позиции со фудбалер кој и самиот ја преферира понудата од италијанскиот клуб.

Консеисао помладиот во моментов нема иднина во редовите на Порто, пред се поради начинот на кој неговиот татко мораше да го напушти клубот. Сержо Консеисао му донесе многу трофеи на Порто, потпиша и нов договор до 2028 година, но ја загуби поддршката затоа што беше на страната на поразениот Пинто да Кошта, на претседателските избори на кои победи Андре Вилјаш-Боаш.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни