Поврзете се со нас

Англија

Напаѓач на Челси се спореди со Бензема: И тој промашуваше на почетокот…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси ангажираше многу нови фудбалери, а едно од засилувањата во нападот беше Николас Џексон.

Сенегалецот дојде од Вилјареал, немаше добар почеток на сезоната, но почна да испорачува погодоци откако се врати од настапот на Африканскиот куп на нации.

Во својата последна изјава, Џексон го дал примерот со Карим Бензема оправдувајќи го својот тежок период на почетокот на премиерлигашкиот престој.

– На почетокот ми пречеа критиките, но веќе се навикнав.

– Понекогаш пред да си легнам, ги гледам видеата од натпреварите и си велам дека требало да реагирам подобро во одредени ситуации.

– Сепак, кога бев млад, го гледав Карим Бензема како настапува во Реал Мадрид. Јас навивав за Реал, а Бензема промашуваше многу шанси. Но, подоцна тој освои „Златна топка“, – вели Џексон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни