Поврзете се со нас

Лига на шампиони

9 работи кои треба да ги знаете за ждрепката и новиот формат на Лигата на шампионите

Објавено

на

foto: x.com/BVB

Денешната ждрепка за групната фаза на Лигата на шампионите ќе ги одреди противниците за секој од 36-те учесници, а инволвирањето на компјутерски алгоритам во ждрепката е дел од промените кои доаѓааат поради новиот формат.

Екипите ќе бидат поделени во четири шешири и ќе играат по осум натпревари во групната фаза, по што следува и нокаут фазата.

Новиот формат на ЛШ носи интересни промени не само за ждрепката, туку и самиот тек на групната фаза, па ги издвојуваме најважните детали.

– Екипите ќе бидат поделени во четири шешири.

– Секој учесник ќе има осум различни противници, а ќе одигра по четири натпревари на домашен и гостински терен.

– Во ждрепката класично ќе биде извлечен само тимот учесник, а компјутер ќе одлучува кои ќе му бидат противниците, со тоа што секоја екипа ќе има по два противника од секој шешир.

– Во групната фаза нема да може меѓусебе да играат екипи од иста земја, а еден тим може да игра против најмногу два клуба од друга земја.

– Групната фаза ќе заврши на крајот на јануари, а не како досега во декември.

– Првите осум екипи одат директно во осминафиналето, тие од 9 до 24. место ќе играат плејоф за осминафинале.

– Првиот и вториот тим од групната фаза нема да можат да играат меѓусебе до финалето, по примерот на тениските турнири.

– Ждрепката за нокаут фазата (осминафинале, четвртфинале и полуфинале) ќе се одржи на 21. февруари 2025 година.

– Распоредот ќе биде објавен во сабота, односно по ждрепката за Конференциската лига и Лига Европа.

Познат составот на четирите шешири пред ждрепката за Лигата на шампионите

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни