Поврзете се со нас

Германија

„5-та“ на Кајзер Франц оди во вечноста: Ниту еден играч на Баерн веќе нема да го носи овој дрес (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayern

Баерн Минхен како клуб денеска го одржа редовното генерално собрание за 2024-та година, а покрај обраќањата на сите важни луѓе во водечките структури, германскиот великан донесе и една едногласна одлука која била прифтена од сите делегати.

Баварскиот клуб на годишното собрание ја извести јавноста дека во иднина ниту еден играч на Баерн нема да го носи дресот со број „5“, се со цел да му се оддаде најголема почест на Кајзер Франц.

Бекенбауер за жал почина на стартот на 2024-та година и го зави во црно германскиот фудбал, а Баерн како клуб реши годината да ја затвори со одлука која е општоприфатена од цела јавност.

Баерн ја овековечи „5-та“ на Кајзер Франц и веќе ниту еден играч од првиот тим нема да боже да го бира овој број, па повлекувањето од употреба само го официјализира она што стана пракса по заминуваето на Бенжаман Павар.

Французинот беше последен кој го носеше дресот со број „5“ во Баерн, а во поновата историја, претходно тоа го правеа и Бенатија и Ван Бајтен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни