Поврзете се со нас

Европски првенства

24 репрезентации ќе се борат за место на Европското првенство чиј кодомаќин е Македонија

Објавено

на

Македонија ќе биде меѓу домаќините на Европското ракометно првенство за жени што ќе се одигра кон крајот на 2022 година.

Нашата ракометна федерација ќе го организира континенталниот собир заедно со Словенија и Црна Гора, а на него учество ќе земат вкупно 16 репрезентации.

Домаќините по обичај си имаат обезбедено место на шампионатот, па така Македонија заедно со останатите организатори ќе учествува на Европското првенство, а директен пласман обезбеди и селекцијата на Норвешка која ќе го брани приматот најдобра селекција во Европа.

Останатите 12 репрезентации кои ќе учествуваат на натпреварувањето ќе бидат добиени преку квалификационата фаза чија ждрепка беше извршена во текот на денешниот ден.

Од  шесте групи поделени од по четири репрезентации пласман на Европското првенство ќе обезбедат најдобрите две селекции од секоја група.

Група 1:Русија, Полска, Швајцарија, Литванија

Група 2: Данска, Романија, Австрија, Победник  квалификациска група 3

Група 3:Холандија, Германија, Белорусија, Победник  квалификациска група 2

Група 4: Франција, Хрватска, Чешка, Украина

Група 5: Шпанија, Унгарија, Словачка, Победник  квалификациска група 1

Група 6: Шведска, Србија, Исланд, Турција

Европското првенство започнува на 4 ноември и ќе трае до 20 ноември, а натпреварите ќе бидат играни во Скопје, Целје, Љубљана и Подгорица. Во Скопје ќе биде одржана групната фаза, како и натпревари од елиминациската фаза, додека финалето ќе се игра во Љубљана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни