Македонија
„18-та“ доби свој сопственик: Кузмановски официјално промовиран во Битола (Фото)

Како што беше најавено во текот на минатата недела, новата работна седмица почна со специјална промоција во Битола, па така македонскиот првак го официјализираше најголемото засилување за оваа сезона.
Еурофарм Пелистер го искористи лошиот момент на Филип Кузмановски во Вецлар и го убеди да се врати во родната земја, а откако бекот го раскина договорот со бундеслигашот, се врати во матичниот клуб како слободен агент.
Според најавите, Кузмановски денеска беше официјално потврден како нов играч на Еурофарм Пелистер и репрезентативниот бек се очекува многу брзо да прерасне во лидер на тимот, а клубот му го подари и бројот кој го носи во репрезентацијата.
„18-та“ во зелено-бело доби свој сопственик и Кузмановски гордо позираше со новиот дрес, по што за очекување е експресно да дебитира и во Лигата на шампионите.
Кузмановски го гледаше првенствениот меч против Вардар Неготино од трибините, но очекувањата се да биде на теренот против Пик Сегед оваа среда во Битола.
-
Италијапред 24 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Англијапред 22 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 9 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Балканпред 24 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Светпред 22 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Англијапред 14 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Европски куповипред 23 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
АТПпред 14 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…