Поврзете се со нас

Англија

16-годишен тинејџер стана нов рекордер во Ливерпул, навивачите на „Енфилд“ го поздравија со стоечки овации (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Ливерпул лесно го надигра Акрингтон и славеше со 4:0 во ФА Купот, но покрај четирите постигнати гола, навивачите на домашниот клуб имаа причина за задоволство поради изданието на еден млад тинејџер.

16-годишниот Рио Енгумоха веќе некое време беше споменуван од Арне Слот како играч кој има неверојатен фудбалски потенцијал, а денеска во тоа се уверија и верните навивачи на англискиот великан.

Енгумоха дочека историски старт и стана најмладиот играч кој некогаш заиграл во ФА Купот за Ливерпул, бидејќи тоа го направи на 16 години и 135 денови.

Не само што дебитираше, талентираниот Рио понуди и неколку импресивни дриблинзи со кои собра аплаузи од трибините, за потоа да дочека и стоечки овации во второто полувреме кога излегуваше од игра.

– Секогаш е специјално кога толку млад играч дебитира за првиот тим, секогаш имам насмевка на лицето кога се случува нешто вакво. Секојпат кога тренира со нас, Рио тоа го прави со насмевка на лицето и не се плаши да го покаже она во што е посебно добар, – изјави Слот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни