Поврзете се со нас

Англија

15 години подоцна: Руни се позиционираше на страната на Кин во жестокиот дуел со Фергусон

Објавено

на

Вејн Руни како најголем англиски фудбалски талент му се приклучи на Манчестер Јунајтед во 2004-та година, трансфер кој подоцна се покажа како многу важен во историјата на клубот, бидејќи напаѓачот мина цели 13 години на „Олд Трафорд“, од кои во завршницата беше и капитен на тимот.

Руни доживеа безброј незаборавни моменти на театарот на соништата од секој може аспект, вклучувајќи убави моменти, но и тензични ситуации како што беше онаа во 2005-та година. Кариерата на тогашниот капитен Рој Кин заврши неславно во Манчестер Јунајтед, откако по жестокото интервју кое го направи за официјалната телевизија на клубот, против него се свртеа менаџерот Алекс Фергусон, неговите соработници, како и дел од соиграчите.

Вејн Руни открива дека тој не бил еден од нив и смета дека Рој Кин всушност ја говорел вистината по поразот кој го претрпе Јунајтед на гостувањето кај Мидлзброу од 4:1.

– Јас веќе бев една година во Јунајтед кога тој го даде фамозното интеврју за телевизијата, но не се согласувам со тоа како беше истретиран капитенот. Рој беше премногу критичен кон нас играчите, но јас го гледав видеото повеќе пати и немаше ништо погрешно кажано. Тој порача дека играчите не можат да погодат пас од 10 метри и дека играат за Манчестер Јунајтед, што не е доволно. Беше стопроцентно во право, – вели Руни во својата колумна за „Тајмс“.

Инаку, добро познато е дека Руни посебно го почитувал токму Рој при пристигнувањето во првиот тим, па сега нагласи дека главна цел на првиот тренинг му била да го импресионира капитенот.

– Рој Кин беше многу вокален на тренинзите, имаше неверојатна аура. Се сеќавам на мојот прв тренинг во Јунајтед. Мислев само да го импресионирам него, а не менаџерот, – открива Вејн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни