Италија
14 членови на Џенова позитивни на коронавирусот
Џенова помина катастрофално на гостувањето кај Наполи, каде не можеше да смета на Матија Перин и Ласе Шене, но сега има уште еден поголем проблем.
Членот на Серија А вечерва потврди дека дури 14 членови на првиот тим имале позитивен тест на КОВИД-19 по завршувањето на мечот со Наполи, а тоа го запали црвеното светло во тимот чиј член е и нашиот репрезентативец Горан Пандев.
Засега Џенова не ги објавува имињата на фудбалерите кои мора да одат во изолација, но потенцира дека меѓу заразените има и вработени во клубот кои се дел од сениорскиот тим.
Дел од италијанските медиуми објавија дека нови осум играчи биле позитивни, односно заедно со Перин и Шене, на тренерот Маран ќе му недостасуваат вкупно десет играчи од првиот тим наредниов период.
Џенова ги презела сите мерки предвидени со протоколите, но останува да се види како оваа ситуација ќе влијае врз екипата. Следен противник е Торино, а натпреварот е закажан за 3. октомври.
-
Репрезентација16 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства15 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства3 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства16 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација19 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства18 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства5 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација17 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор