Поврзете се со нас

Лига на шампиони

11 играчи на ПСЖ останале еден час заробени во лифт пред натпреварот со Лајпциг (Видео)

Објавено

на

На социјалните мрежи се појавија снимки од фудбалерите на францускиот шампион, ПСЖ на кои се гледа како се заробени во лифт во Германија.

Како што пренесува „Ле Парисиен“, 11 играчи на ПСЖ еден час биле заробени во лифт во хотелот во Германија, а за да се извлечат морале да интервенираат пожарникарите.

Играчот на ПСЖ, Лајвин Курзава го снимил целиот момент и го објавил на социјалните мрежи,но по краток период го отстранил видеото. Сепак, тоа стигна до социјалните мрежи и сега е вистински хит меѓу фудбалските фанови.

Интересно е тоа што при интервенцијата на пожарникарите, еден од играчите во шега  им довикна дека со нив се Нејмар и Килијан Мбапе со надеж дека побрзо ќе ги ослободат од незгодната ситуација.

Инаку, ПСЖ забележа пораз на гостувањето во Германија кај Лајпциг и сега ќе мора да ги добие следните натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите доколку сака да се пласира во елиминационата фаза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни