Поврзете се со нас

Промоции

„100 ГОДИНИ СКОПСКО“: Секој има своја приказна со „Скопско“

Објавено

на

Со кампањата ЈАС и „СКОПСКО“ почнува одбележувањето на 100-годишнината од постоењето на најпрепознатливото македонско пивско име. Со неа, „СКОПСКО“ потсетува на својата главна доблест, моќта 100 години да создава незаборавни приказни.

Големината на СКОПСКО се должи на сите тие што цели 100 години генерациски го пренесуваат неговиот дух. На пиварците, кои се грижат за неговиот беспрекорен квалитет, на спортистите, чиишто успеси се слават со „СКОПСКО“, на музичарите на чиишто концерти „СКОПСКО“ е најредовен гостин, на диџеите, актерите, водителите, другарите, странците, бабите, дедовците, старите, младите… на сите луѓе што со секоја испиена голтка „СКОПСКО“, со пивото создаваат нераскинлива врска, цел еден век!

Сите овие луѓе се главните протагонисти во кампањата и нивните видеа може да се погледнат на телевизиските канали и на социјалните медиуми на „СКОПСКО“.

Заедно да ја прославиме првата стотка и да наздравиме за наредните 100 бидејќи вие бевте, сте и ќе бидете со секое шише „скопско“!

100 години „СКОПСКО“ и сè е можно!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни