Поврзете се со нас

Мото ГП

Јаноне суспендиран поради позитивен допинг тест

Објавено

на

Андреа Јаноне доби суспензија од раководоството на Мото ГП, откако имал позитивен допинг тест, односно било утврдено користел недозволена сусптанца.

Примерокот од урина на Италијанецот даден за време на трката во Малезија бил позитивен на анаболично-андроген стероид, а Јаноне има право на проверка на Б примерокот.

– Сигурен сум во позитивна завршница на случајот. Потполно сум релаксиран и сакам да ги уверам на фановите на Априлија Рејсинг дека нема зошто да се грижат, – регирал Јаноне преку Инстаграм.

Италијанецот не ја заврши трката во Малезија, а Светската мотоциклистичка федерација најави дека му е забрането натпреварување до решавање на случајот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни