Поврзете се со нас

Одбојка

Ѓоргиев повторно најдобар кај Фридрихсхафен

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Никола Ѓоргиев и Фридрихсхафен го претрепа вториот пораз во третиот натпревар од групата Е во Лигата на шампионите.

Бундеслигашот пред своите гледачи беше немоќен против најдобриот полски состав Закса Кенџежин-Кожле и загуби со 3-0 во сетови. Првиот сет беше најнеизвесен и заврши со 24-23, вториот со 25-22, додека третиот фаворитот го доби најлесно или во случајот со 25-20.

Ѓоргиев беше најдобар кај германската екипа со 15 поени или еден помалку од првите поентери кај победникот Симоне Пароди и Арпад Бароти.

Во следната рунда Фридрихсхафен е домаќин на Војводина, дуел кој игра на крајот на месец јанаури 2020 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни