Поврзете се со нас

Светски првенства

Шпанските репрезентативки лути: Холандија доби подарок, чудно е што нема видео проверка

Објавено

на

Шпанија го загуби женското ракометно мундијалско финале на драматичен начин, а Холандија стигна до победата со пенал кој им беше доделен во последните секунди.

Аињоа Ернандез го блокираше додавањето на холандската голманка на линијата на шест метри и поради тоа доби црвен картон, а Холандија пенал кој беше претворен во злато на СП во Јапонија.

По мечот, шпанските репрезентативки не можат да поверуваат во одлуката на француското судиско дуо Бонавентура/Бонавентура, но и фактот што нема видео технологија за ваквите моменти.

– Мислам дека бев надвор од шесте метри во моментот, но не можам да бидам целосно сигурна. Не видов снимка, а и не верувам дека ќе видиме добра снимка од ситуацијата. Секој може да направи грешка, но јас не знам дали бев надвор или внатре, – истакнала Ернандез.

– Навистина сум лута, речиси цел натпревар губевме, но по одлуката на судиите видовме на екранота дека Ернандез не била внатре. Во денешно време, мислам дека вакви ситуации може да се гледа видео, не можете вака да досудите пенал, тоа е голем подарок, – истакнала Лара Гонзалес Ортега.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни