Поврзете се со нас

Европски првенства

Червар го објави списокот за ЕП, Хрватска остана без една од најголемите ѕвезди

Објавено

на

Селекторот на хрватската ракометна репрезентација, Лино Червар, денеска го објави поширокиот список за претстојното Европско првенство, а на него не се наоѓа еден од најдобрите репрезентативци изминатите години.

Се работи за Мануел Штрлек, соиграчот на нашиот Дејан Манасков во Веспрем и крилото кое на последните првенства беше меѓу најважните играчи на хрватскиот состав.

Штрлек не е вклучен на списокот со 28 играчи кој е испратен до ЕХФ и со тоа дефинитивно нема да биде во комбинација за шампионатот, а медиумите потенцираат дека очигледно ракометарот има нерешени проблеми со Червар и не е задоволен од статусот кој го имал во националниот тим.

На списокот го нема и Јагањац, а Хрватите во групната фаза ќе играат против Црна Гора, Србија и Белорусија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни