Поврзете се со нас

Формула 1

Фетел: Знам дека секогаш ќе бидам „број два“

Објавено

на

Себастијан Фетел зад себе остава уште една неуспешна сезона во Формула 1, откако во истата не успеа да биде конкурентен за титулата со болидот на Ферари.

Германецот има освоено четири Ф1 титули, но е свесен дека никогаш нема да биде пред легендарниот Михаел Шумахер.

– Секогаш ќе бидам број два во Германија во Формула 1, но тоа не е проблем за мене. Шансите за воопшто да се приближам се помали од сезона во сезона, доаѓаат нови пилоти кои сакаат да се докажат, а и Хамилтон доминира периодов.

– Сметам дека трките на Шумахер беа уникатни, тој направи пробив во Ф1 за Германија, сите кои дојдовме по него ја користевме таа предност, – вели Фетел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни