Поврзете се со нас

Фед куп

Фед Куп: Македонските девојки се изборија за втора победа во Хелсинки

Објавено

на

Македонската експедиција во Хелсинки денеска успеа да ја запише втората победа во квалификациите во Фед Купот, откако најдобрите наши тенисерки успеаја да се опорават од поразите од Косово со сигурно славје против Алжир.

Магдалена Стоилковска ја победи Инес Бекрар со 2:1 во сетови добивајќи го клучниот сет со 6:0, додека нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа одново имаше рутинска задача, славејќи со 6:1 и 6:0 против Бужади. Во играта на двојки, двете македонски девојки беа фуриозни и славеа со 6:1 и 6:2, победувајќи со максимални 3:0 во пресметката со Алжир.

Ова беше втора победа за Македонките по онаа стартната против Конго, пред утрешната пресметка со тенисерките на Кипар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни