Поврзете се со нас

Лига на нации

УЕФА направи промени во форматот на Лигата на нации, Македонија е во групата „Ц“

Објавено

на

Извшниот комитет на УЕФА денеска имаше состанок во Љубљана (Словенија) на кој беа донесени неколку одлуки меѓу кои и за „новото“ натпреварување Лигата на нации.

Беа направени измени во натпреварувачкиот формат кои ќе важат за второто издание 2020/21, па така во групите А, Б и Ц ќе имаме 16 репрезентации (четири групи по четири селекции), додека во најслабата конкуренција, групата Д ќе бидат седум репрезентации (две групи, една со четири и една со три репрезентации).

Оваа промена во форматот доаѓа по процес во кој беа вклучени сите 55 национални федерации на УЕФА, односно ја изразуваат нивната желба да го минимизираат бројот на пријателски натпревари.

Инаку Македонија ќе биде дел од групите Ц каде за ривали можат да ни бидат Грција, Албанија, Црна Гора, Грузија, Косово, Белорусија, Кипар, Естонија, Словенија, Литванија, Луксембург, Ерменија, Азербејџан, Казахстан и Молдавија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни