Поврзете се со нас

Репрезентација

Тодоров најави подмладување: Треба да им се даде шанса на децата, тие ќе бидат „костур“ на репрезентацијата

Објавено

на

Поранешниот тренер на МЗТ Скопје, Александар Тодоров денеска и официјално беше промовиран во нов селектор на македонската сениорска кошаркарска репрезентација.

Ова секако е голем предизвик за Тодоров кој има намера да ја подмлади репрезентацијата, ама притоа резултатите да не трпат и ние се претставиме во одлично светло во квалификациите за ЕП.

-Околу основната концепција, околу составот на репрезентацијата, лично сметам, и наидов на подршка за тоа, ова е еден момент во кој освен барањето за пласман на ЕП, треба да се изврши и едно подмладување на репрезентацијата. Особено затоа што имаме неколку генерации кои успешно се натпреваруваат на европските првенства за разлика од досега, каде имавме проблеми на тие ЕП. Исто така имаме неколку млади играчи кои успешно натпреваруваат и во домашното првенство и во странство.Нормално, подмладување на репрезентацијата кај сите вас, нормално и кај мене, предизвикува звучи како некое алиби. Апсолутно не зборуваме за алиби туку зборуваме за една потреба да се даде шанса на тие деца кои многу скоро за три-четири години ќе дојдат на сцената и ќе бидат ‘костур’ на репрезентацијата, -истакна Тодорор кој спомна и конкретни имиња:

-Досега јас и спортскиот директор Гечевски раговараме со голем број од играчите. Списокот од 24 имиња кои влегуваат во конкуренција, би требало да го имаме и дадеме на почетокот на новата година. И веднаш ќе биде достапен за сите. Меѓутоа оние играчи со кои досега разговараме се: Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Кристијан Николов, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Стојан Ѓуроски, Андреј Јакимовски, Марко Миловановиќ, Андреј Маслинко, Шејн Витингтон. Говорено е и со Предраг Самарџиски, но со него немаме позитивен одговор да се врати и да настапува во овие квалификации. Ќе се најдат уште некои играчи кои успешно настапуваа во оние У 16 и У 18 години. Играчи како Лука Савичевиќ и Виктор Исајловски. Секако и како доста помладите играчи, оние од У 16 селекцијата, со сигурност Теодор Симиќ и Андреј Митревски, кои ќе бидат наградени за сето она што го презентираа во изминатиот период. Тоа е тоа што во овој момент го имам како перцепција. Тоа се 15-16 имиња, и сигурно е дека нема да ви бидат потребни дополнителни моменти на имагинација за да го надполните до крајната граница, -порача новиот македонски селектор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни