Поврзете се со нас

Европски купови

Стојановски дебитираше со „петка“ за По Ортез

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Војдан Стојановски го одигра својот прв меч во дресот на По Ортез и тоа во пресметката со Раста Вехта во Лигата на шампионите на ФИБА.

Домашниот тим го оправда статусот на фаворит и обезбеди славје од 93-86 што за нив е вкупно петти во 9. коло во ова натпреварување. Нашиот Стојановски доби шанса од првата минута, односно се најде во почетната петорка и за вкупно 28 минути на теренот реализираше 5 поени (3/4 за еден, 1/4 за два, 0/4 за три) со 4 скокови и 1 асистенција.

Најдобар на паркетот пак беше соиграчот на Војдан, ветеранот Дентмон со 35 поени на кои придодаде и 2 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни