Поврзете се со нас

Велосипедизам

Словенецот Роглич триумфираше на Вуелта

Објавено

на

Словенецот Примож Роглич победи на велосипедската трка Вуелта, која денеска заврши во Мадрид. Роглич ја задржа предноста пред најголемиот ривал Алехандро Валверде, со што стигна до најголемиот успех во својата кариера.

Денеска учесниците на трката низ Шпанија возеа од Фуенлабрада до Мадрид и најбрз бил Фабио Јакобсен, но Роглич остана на првото место во генералниот пласман, со солидна предност во однос на Валверде.

Големиот успех на Словенија на Вуелта го надополни Тадеj Погачар кој го освои третото место во генералниот пласман. Воедно, Роглич е првиот Словенец кој победил на трка од Гранд тур серијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни