Поврзете се со нас

Шах

Роберт Велески испушти сензација на „Задар Опен“

Објавено

на

Македонскиот шахист, ФМ Роберт Велески (2153) беше на прагот од голема сензација на шаховскиот турнир „Задар Опен“ каде што учествуваше како седми играч по стартниот ранг во Б-турнирот, на кој настапија 96 играчи, од кои двајца интер мајстори, две шахистки со титула женски интер мајстор, четири ФИДЕ мајстори и 16 мајсторски кандидати.

Велески започна со две очекувани победи, по што уследија уште два бода од три партии (реми, победа, реми). Со победата во шестото коло тој стигна во позиција последните три кола да ги игра на првата табла, при што во седмото славеше над женскиот интер мајстор Ана Берке, а во осмото коло ремизираше со Ив Дујо од Белгија. Како еден од двајцата водечки со по 6,5 бода во последното коло тој се сретна со ИМ Ненад Дориќ (втор по ранк), но испушти можност за сензација бидејќи го претрпе единствениот пораз на турнирот, а со реми ќе беше првопласиран.

На овој начин, Велески финишираше трет зад Берке и Дориќ, со 6,5 бода од 9 меча, освојувајќи притоа 19 бода за подобрување на сопствениот рејтинг.

На А-турнирот меѓу 52 играчи триумфираше хрватскиот велемајстор Анте Бркиќ (2576) со 7 бода се издвои на табелата, пред неговиот сонародник ВМ Зденко Кожул (2590) кој имаше најдобар „Бухолц“ од групата играчи со по 6,5 бода, а во која беа уште ВМ Анте Шариќ (2556) и гостинот од Индија, Шантану Бамбуре (2340).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни