Поврзете се со нас

АБА лига

Победа за крај на годината: МЗТ го среди Спарс и го задржа перфектниот учинок во „Јане Сандански“

Објавено

на

Кошаркарките на МЗТ Скопје славеа над Спарс Сараево со 73-64 во последниот меч за оваа календарска година во АБА2 лигата.

„Штрковите“ во Аеродром важеа за големи фаворити против најслабиот тим во лигата, ама за да дојдат до победата мораа добро да се испотат пред своите гледачи во СЦ „Јане Сандански“. Македонскиот шампион беше доминантен само во вториот период кој го реализираше 24-9, додека во преостанатиот дел прволигашот од БиХ и тоа како беше конкурентен.

Меѓутоа квалитетот на МЗТ беше пресуден, па така на крајот капитенот Стојановски со 17 поени беше прв стрелец, еден помалку даде Морнар, а на високо ниво беше и Милошевиќ со 14 кошеви и 8 скокови.

На другата страна се издвои Врабац со 15 кошеви.

Ова за составот од скопски Аеродром беше седма победа во седмиот меч на домашен терен или вкупно 10 во 13 меч во АБА2 лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни