Поврзете се со нас

СЕХА лига

Петрушевски: Младите играчи ќе имаат корист од ова искуство

Објавено

на

Најдобриот македонски ракометен состав Вардар претрпе пораз од Нексе од 42:26 во последниот меч за оваа календарска година во СЕХА лигата.

Вардарци отпатуваа во Нашице со многу млад тим предводен од Стојан Петрушевски, во првиот дел со носеа со фаворитот за да во второто полувреме бидат во целост надиграни од хрватскиот прволигаш.

Меѓутоа без разлика на поразот тренерот Петрушевски верува дека младите играчи ќе научат од ова искуство, односно ќе имаат корист во иднина.

-Дојдовме тука без нашите искусни играчи, ама мислам дека младите  ќе имаат корист од ова. Нексе беше подобар противник и сакам да ја искористам оваа можност да им го честитам роденденот, -истакна Петрушевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни