Поврзете се со нас

БИБЛ лига

Пен: Никој не веруваше во нас, ама ние успеавме

Објавено

на

Македонскиот кошаркарски прволигаш, Блокотехна е новиот освојувач на БИБЛ регионалната лига и тоа откако на завршниот турнир во Тирана беше подобар од Академик Бултекс и Теута.

Составот од Гевгелија одигра одлично на двата натпревари во кои не можеше да смета на стандардните првотимци Данило Мијатовиќ и Горан Главчев кои беа повредени, но затоа во нивно отсуство брилијантен беше Брендон Пен кој ја презема одговорноста и дефинитивно е најзаслужен за големиот успех.

-Мината недела ни се повредија двајца играчи, а во истиот меч настрадав и јас, ама за среќа само на неколку денови. Останавме сите заедно, имаме млади играчи, никој не веруваше во нас, ама ние успеавме. Сакавме да имаме одличен старт во финалето. Знаевме оти двата тима ќе бидат уморни, па сакавме да дојдеме до рано водство и да го задржиме. Пред три години бев во Гевгелија и играв за Кожув, ама со истиот тренер и раководство. Горд сум на тие момци. Мислам дека треваше и тогаш да ја освоиме титулата, ама еве сега се извадивме, -порача Пен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни