Поврзете се со нас

Автомобили

Октомвриска нивелација: поефтини горива за денар по литар

Објавено

на

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги објави новите пониски цени на горивата.

Според соопштението, во согласност со методологијата за пресметка која РКЕ ја користи, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.75%.

Малопродажната цена на „Еуросупер-95“ се намалува за 0.5 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 68.00 денари.

Цените на „Еуросупер-98“ и „Еуродизел“ горивата се намалуваат за по 1 денар. Така, литар од 98-октански бензин ќе чини 70.00 денари, додека еден литар дизел ќе чини 62.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила на полноќ, односно од 8 октомври 2019 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни