Поврзете се со нас

Репрезентација

Новогодишно обраќање на Сејдини: Да бидеме на висина на задачата!

Објавено

на

Во пресрет на новата календарска година, од Фудбалската федерација на Македонија денеска се обрати претсетдателот Муамед Сејдини.

Очекувано, во неговите зборови доминираа заедничките соништа што го имаат сите спортски ентузијасти во земјава, а се однесуваат на пласман на ЕП 2020 преку завршните натпревари од Лигата на нациите.

– Оваа генерација одигра одлични натпревари во квалификациите и ја врати довербата во најдобриот национален тим. Напредокот во играта и посветеноста на тимот го видоа сите. Но, фудбалот бара постојано да бидеме одговорни. И ние како федерација која им овозможува услови за подготовка и натпревари на репрезентацијата, но и стручниот штаб кој ги наметнува фудбалските вредности, дисциплината и почитта во тимот. Искрено, се надевам дека ќе бидеме на висина на задачата и ќе уживаме во моментите на радост. Треба да го задржиме заедништвото и квалитетот во натпреварите. Токму поради тоа, со голем оптимизам гледаме кон Европското првенство. Посакувам голема среќа на натпреварите за историски пласман на ЕП 2020. Федерацијата, како и секогаш до сега, ќе осигура максимални услови за репрезентацијата. Верувам дека и нашите навивачи ќе уживаат и ќе бидат голема поддршка,- заврши Сејдини.

Македонија е домаќин на Косово на 26 март на Националната Арена „Тодор Проески“, а ако успее да победи, во финалето ќе гостува на подобриот од дуелот Грузија – Белорусија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни