Поврзете се со нас

Олимписки игри

Натпреварите во сурфинг на ЛОИ 2024 ќе се одржат на 15.700 километри оддалеченост од Париз

Објавено

на

Организатор на Летните олимписки игри во 2024 година ќе биде Париз, но натпреварите во сурфање ќе се одржат 15.000 километри подалеку од француската престолнина.

Францускиот олимписки комитет денеска објави дека планира медалите во сурфинг, спорт кој ќе дебитира на оваа Олимпијада, ќе бидат доделени на Тахити, најголемиот остров во Француска Полинезија.

И покрај тоа што во игра за организатори на овој олимписки натпревар биле неколку крајбрежни француски локации, Французите решиле сурфањето да биде префрлено 15.700 километри подалеку од Париз.

Домаќин ќе биде местото Теахупо познато по големите бранови, а единствената дилема е дали и женскиот натпревар да остане на истата локација, поради преопасните бранови во овој регион. Претставници на локалниот организациски комитет најавува дека со дозвола на ИОК, женското сурфање би било организирано во период од денот кога брановите не се со толку голем интензитет.

За одлуката да стане официјална, ќе се чека зелено светло од Интернационалниот олимписки комитет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни