Поврзете се со нас

Дејвис куп

Надал ја потврди шестата Дејвис-куп титула за Шпанија

Објавено

на

Рафаел Надал го победи Денис Шаповалов во два сета и ја потврди Дејвис-куп титулата за шпанската тениска репрезентација.

Финалето во Мадрид го отворија Баутиста-Агут и Ожер-Алиасим, а шпанскиот тенисер се врати на турнирот во Мадрид само три дена откако почина неговиот татко.

Сепак, емотивниот Баутиста-Агут не дозволи пораз на домашен терен и славеше со 2:0 во сетови (7:6/6:3), со што донесе предност за својата репрезентација.

 

Неколку часа подоцна, Шпанците стигнаа и до вториот решавачки триумф откако Надал го победи Шаповалов исто така со 2:0, по сетови 6:3/7:6.

За Шпанија, ова е шеста Дејвис-куп титула, прва по 2011 година, а и за претходната решавачки беше настапот на Надал кој оствари две сингл победи во финалето против Аргентина. Покрај Надал и Баутиста-Агут, членови на селекцијата која триумфираше во 2019 година беа и Пабло Карењо-Буста, Фелисијано Лопез и Марсел Гранолјерс.

Шпанците го освоија првото издание на Дејвис-куп во новиот формат, а истиот ќе продолжи и следната година кога финалниот турнир повторно ќе се игра во Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни