Поврзете се со нас

Ватерполо

Моментот кој го одбележа финалето пред финале: Бакнежот меѓу српскиот селектор и хрватскиот физиотерапевт (Видео+Фото)

Објавено

на

Вчерашното полуфинале на Европското првенство во ватерполо меѓу Србија и Хрватска изоболуваше со многу инциденти, а донекаде и со чудни моменти. Србија ја победи Хрватска со 9:7 и ќе игра во финалето со Шпанија, а мечот беше проследен со инцидентот кога младиот хрватски репрезентативец Лорен Фатовиќ намерно го удри со тупаница српскиот капитен Филип Филиповиќ. Фатовиќ се извлече без исклучување, но подоцна беше испратен надвор од игра поради друг инцидент во кој исклучување заработи и еден српски репрезентативец.

Сепак, финишот на натпреварот и поздравот од страна на српскиот селектор Дејан Савиќ со хрватската клупа беше малку чуден. Српскиот селектор како голем џентлмен отиде и се поздрави со Хрватите, а на крај го бакна во уста хрватскиот физиотерапевт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни