Поврзете се со нас

Европски купови

Металург не успеа да победи и во Скопје, Горење оди во групната фаза на ЕХФ Купот

Објавено

на

Ракометарите на Металург ја завршија својата авантура во Европа и тоа во рамките на третото квалификациско коло во ЕХФ Купот.

Македонскиот прволигаш ниту во ревашнот не успеа да слави над Горење Велење, па составот од Словенија заслужено се пласира во групната фаза во ова натпреварување. Металурзите“ одиграа добро во првиот дел и обезбедија предност од три разлика на дуелот што се играше во „Јане Сандански“ (13-10), меѓутоа тоа темпо не го задржаа во продолжението и тоа го искористи Горење за да се избори за реми од 23-23 или севкупни во овој двомеч 47-42.

Танковски беше стрелец на 6 голови, Поповиќ даде 5, додека на спротивната страна расположен беше Вердинек со 9 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни