Поврзете се со нас

Светски првенства

Лукаку: Јас сум убиец на теренот

Објавено

на

Ромелу Лукаку продолжи да ги тресе мрежите на стартот на новата сезона, па така откако погоди за Интер во првите две кола во Серија А тој стрелаше и за националниот тим и тоа на пресметката со Шкотка во квалификаците за Европското првенство.

Робусниот напаѓач даде еден гол во победата од 4-0 со што дојде на чекор од 50 погодок во дресот на „црвените ѓаволи“. Токму по дуелот во Глазгов новиот член на „нероаѕурите“ го искажа своето задоволство притоа нарекувајќи се себеси „убиец на теренот“.

-Ќе стигна до тој 50 гол. Морам да кажам дека повеќе се грижев за 30-ката, кога успеав да го урнам рекордот. Не сонивам за 50 гол, јас сум опуштен. Јас сум убиец на терен, но не до него. Бев среќен со погодокот. Мина доста време откако имавме даде гол од контра напад. Ако можеме да играме вака, ние сме смртоносни. Најдобриот напаѓачки контра тим на светот, -истакна робусниот голгетер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни