Поврзете се со нас

Лига Европа

Лацио испадна од ЛЕ, Арсенал се спаси од пораз во Лиеж (Видео)

Објавено

на

Лацио игра одлично оваа сезона во Серија А, но кога е во прашање Европа тоа е сосема поинква приказна и најдобар доказ за тоа е елиминиацијата од Лига Европа.

Имено лацијалите загубија на гостувањето кај Рен со 2-0 и на тој начин го завршија настапот во европските купови, а во прилог не им одеше ниту резултатот во Романија каде Клуж не дозволи изненадување и славеше над Селтик со 2-0.

 

Арсенал пак се спаси од пораз на гостувањето во Лиеж кај Стандард каде до 78 минута губеше со 2-0 за да до 81 дојде до 2-2 со головите на Лаказет и Сака. Со овој резултат загуби белгискиот претставник со оглед на тоа што на втората средба во групата Гимараеш направи големо изненадување и го победи Ајнтрахт Франфурт на негов терен со 3-2.

 

Ако Стандард го победеше Арсенал тоа ќе значаеше влез во нокаут фазата на ЛЕ, меѓутоа тоа не се случи и сега избраниците на Прудом ќе мора да се фокусираат само на обврските во домашните натпреварувања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни