Поврзете се со нас

Европски купови

Лазаров и Кузмановски ќе се соочат во ЕХФ Купот

Објавено

на

Кирил Лазаров и Филип Кузмановски со своите Нант и Магдебург се изборија за пласман во главниот дел на ЕХФ Купот, а пак денеска дознаа дека ќе удрат еден на друг во групната фаза во ова второ по ранг клупско натпреварување во Европа.

Имено францускиот и германскиот прволигаш се најдоа во групата Ц заедно со Адемар Леон од Шпанија и Горење Велење кој пак го елиминира нашиот Металург во последното квалификациско коло.

Бенфика на Борко Ристовски ќе игра во групата А заедно со Мелсунген, Бјерингбро Силкеберг и полскиот претставник Гвардија Ополе.

Првите мечеви од групната фаза се закажани за 8/9 февруари, додека последното коло ќе се одигра на 28/29 март.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни