Поврзете се со нас

Репрезентација

Кошаркарската Федерација го доби најсериозниот партнер и инкасираше 100 илјади евра!

Објавено

на

Перо Антиќ како лидер на македонската кошарка денеска оствари важна средба со челните луѓе на новиот најголем спонзор на Федерацијата, на која беше официјализираната заедничката соработка со која овој спорт добива стимулација од фантастични 100 илјади евра.

Видео лотарија на Македонија ја официјализираше заедничката врска со КФСМ, а на тој начин, Федерацијата ќе го „уновчи“ ваучерот добиен од Агенцијата за млади и спорт во износ од 5.535.000 денари, на кој се додадени и дополнителни 10 илјади евра како бонус од Видео лотарија.

– Од оваа зделка, вкупно ќе инкасираме 6 милиони и 150 илјади денари и секако големо задоволство е да се има партнер како ВЛМ. Оваа компанија прва застана зад македонсата кошарка, ова е сериозно добра сума за наши услови. Овие пари ќе бидат распределени во сите македонски селекции, а најмногу во сениорскиот тим, – изјави Перо Антиќ на мини свеченоста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни