Поврзете се со нас

Европски првенства

Кадетите немаа решение за Словенија, следува дуел со голем должник

Објавено

на

Македонските кошаркарски кадети не успеаја да остварат победа над Словенија (80:87) во разигрувањето од 9 до 12 место на Европското првенство во Италија.

Избраниците на селекторот Денис Дервишевиќ имаа катастрофален почеток на дуелот, откако во завршницата на првиот период Словенците дојдоа до предност од 18:0, но на полувремето таа негатива беше намалена до 43:35.

Македонските кошаркари го добија третиот период со 20:17, најавувајќи дека нема да се откажат од победата до крајот на средбата, но Словенија не дозволи посериозно приближување и на крајот рутински го доведе натпреварот кон крајот, победувајќи со 87:80.

Мемед со 28 и Митревски со 20 поени беа најефикасни во македонскиот У-16 состав, додека кај Словенците најдобар реализатор беше Крижаниќ со 23 поени.

Македонската репрезентација утре ќе го заврши настапот на Евробаскетот со дуел за 11. место, а противник ќе ни биде селекцијата на Израел, која да потсетиме во групната фаза не победи по три продолженија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни