Поврзете се со нас

Евролига

И Панатинаикос се најде на списокот на Реал, Хекет и Џејмс донесоа победа за ЦСКА (Видео)

Објавено

на

Кошаркарите на Реал Мадрид ја запишаа и 11. победа во низа во Евролигата, а новиот тим кој се најде на нивната листа е Панатинаикос кого го совладаа во Атина со 87-75.

„Кралевите“ го контролираа натпреварот во првата до последната четвртина, најдобар беше Рендолф со 22 поени, додека одлична поддршка беше „џинот“ Таварес со дабл-дабл учинок од 14 кошеви и исто толку скокови. Калатес пак на спротивната страна ја предводеше листата на стрелци со 19 поени.

 

ЦСКА Москва на крилата на Хекет и Џејмс славеше над Олимпија Милано со 78-75. Двајцата беа одлични против поранешниот клуб, Даниел беше автор на 28 поени, 4 асистенции и 4 украдени топки, а пак Џејмс реализираше 17 кошеви, 11 асистенции и 6 кошеви.

Родригез и Гудаитис искомбинираа 26 поени за италијанскиот прволигаш.

 

Анадолу Ефес пак пред своите гледачи ја оправда улогата на фаворит и го доби Макаби со 99-79, Алба во Берлин и одржа лекција на Басконија (81-57), француски Асвел пак го надигра Химки со 92-88.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни