Поврзете се со нас

АБА лига

Звезда службено го загуби дербито со Будуќност, казните допрва ќе бидат соопштени

Објавено

на

Вечерва требаше да се одигра дербито во АБА лигата меѓу Будуќност и Црвена Звезда, меѓутоа српскиот состав не допатува во Црна Гора поради нестабилната политичка состојба во оваа сезона.

Имено од Звезда сметаа дека постои безбедносен ризик, па поради тоа се одлучија за чекор за кој дефинитивно ќе мора да платат. Се уште нема официјални информации, но „Спорт Клуб“ дознава дека Будуќност оваа средба ќе ја добие службено со 20-0, додека за дополнителните казни допрва ќе се разговара и ќе се соопштат со тоа што во правилникот јасно стои дека при автоматски пораз, дисциплинскиот судија или директор може да изрече парична казна од 15 или 150 илјади евра.

Дисциплинскиот судија ќе донесе одлука за ова кога ќе се заокружи 13. коло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни