Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Големо признание за Парондо: Избран за најдобар светски тренер во 2019 година според „Хендбол планет“

Објавено

на

Најпопуларниот ракометен портал „Handball planet“ традиционално на крајот на годината ги додели наградите за најдобрите поединци во ракометот.

Во 2019 година, за најдобар тренер е избран поранешниот предводник на Вардар, Роберто Гарсија Парондо кој направи вистинско чудо со скопскиот тим искачувајќи се на тронот во Лигата на шампионите.

„Црвено црните“ и покрај финансиските проблеми стигнаа до титулата во Лигата на шампионите, а токму тоа  на Парондо му го донесе признанието од престижниот портал.

За изборот на Парондо гласаше жири кое се состоеше од 22 новинари ширум светот, но и од сите љубители на ракометот кои можеа да гласаат онлајн на самиот портал.

Во 2017 година ова признание замина во рацете на Раул Гонзалес кој тогаш исто така ја освои титулата со нашиот Вардар.

Инаку, за најдобар играч во 2019 година е прогласен Микел Хансен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни